Невидливиот дизајн: Улогата на осветлувањето во архитектурата
Во архитектурата, осветлувањето често е најмоќниот елемент што никогаш не го забележуваме – но секогаш го чувствуваме. Тоа не е само функционален дел од просторот, туку невидлив дизајн кој го дефинира волуменот, формата, текстурата и атмосферата.
Добро осмисленото светло не се натпреварува со архитектурата – туку ја надополнува. Вградните LED линеарни светилки како ANDIE линеарен светлосен елемент создава чиста и минималистичка линија на светлина, без видливи рамки, која совршено се вклопува во современи ентериери..

Ѕидните светла со архитектонски линии, како дискретни скулптурални тела со директна и индиректна светлина, додаваат геометрија и ритам. Совршени се за ходници, скали или простори каде што светлината е форма сама по себе.
Во отворени дневни простори, MORO висечко иновативно светлосно тело што комбинира елеганција и функционалност висечки ламби со минималистички дизајн и топол спектар 3000K создаваат фокус и визуелен баланс, без да доминираат. Тие го „цртаат“ просторот со светлина, не со маса.

Во ентериери со изложени материјали како бетон, камен или дрво, скриено осветлување поставено зад ѕидни облоги, тавански профили или под скали создава визуелна длабочина и драматика – притоа задржувајќи ја природноста на материјалите.
Ноќната архитектура, пак, не може да постои без светлина. Надворешни LED светилки вградени во фасади или патеки, создаваат амбиент што го продолжува архитектонскиот израз и по зајдисонце.

Светлината не мора да се гледа – доволно е да се почувствува.