Beergarden Sports Pub е спортски бар во центарот на Скопје. На овој проект пристапивме со внимателно избрани елементи во ентериерот, кои создаваат топла и пријатна атмосфера. Просторот е уреден во индустриски стил, со нагласени ѕидови од цигла и метални детали, кои даваат модерна, но и традиционална нота.
Дрвените маси и столици во комбинaција со кожени софи создаваат удобност за гости, овозможувајќи им да се опуштат и да уживаат во настаните. Светлината е внимателно регулирана, со топли, пригушени тонови кои дополнително ја засилуваат домашната атмосфера. На ѕидовите се поставени спортски сувенири и постери, кои го нагласуваат фокусот на спортот, што е клучен дел од нашиот концепт. Просторот ќе биде и акустички прилагоден, обезбедувајќи квалитетен звук за следење на настаните.
Секој детаљ од ентериерот е внимателно избран со цел да создаде универзум каде што љубителите на пиво и спорт ќе можат да се соберат, споделат искуства и да создадат спомени. Очекуваме гостите да се чувствуваат како дома и да уживаат во секој момент поминат во барот.