AD 14-20

Ова беше еден комплексен проект бидејќи се правеше реконструкција на целото поткровје. За дизајнирањето на овој ентериер најголем фокус беше функционалноста и
практичноста, како и безвременскиот дизајн. Едноставните форми и воздржаноста го прават овој модерен стан со стил. Сивата, црната и кафената боја преовладуваат во
апарманот во различни комбинации.

Станот е поделен на два дела, едниот е помирен дел со спална и две детски соби и сите се со поглед кон падините на Водно, а во другиот дел се сместени дневниот боравок кој е предвиден да биде од отворен тип со кујна и трпезарија интегрирани во ист простор. На самиот влез се поставени просторот за утилити, плакар и бања, кои се интегрирани во дрвен столарски елемент и се добива една целина и илузија дека тоа се е една облога на ѕид. Динамичноста на плакарот за кондури кој се наоѓа на крај на ходникот го отсекува делот за дневен боравок од мирниот дел.

Бидејќи во ист просторсе наоѓаат кујната дневната и трпезаријата гледавме да се скријат сите мали кујнски апарати, иистите се сместени во столарски елемент во кој се наоѓаат вградните елементи.

Ајде да разговараме за вашиот проект.

Подготвени сме да ја споделиме со Вас нашата визија и да Ве водиме во возбудливиот свет на креативноста.

За повеќе информации

КОНТАКТИРАЈ НЕ