AD 03-01-20

Барањето на овој клиент беше да се изведат повеќе типови луксузни апартмани за издавање. Поделбата беше јасна во едните да преовладуваат свели тонови а во другите темни. Во ентериерното уредување на овој светол ентериер, требаше да се предвидат повеќе содржини и истите да бидат видливи од повеќе делови на апартманот.

Со јасно дефинирана функција одлучивме да бидат одделени со стаклени прегради и да ги поделиме просториите со мебел. Исто како и во другиот тип на апартман и тука одлучивме просторот да биде дефиниран со воздржана палета на бои и материјали, и целосниот дизајн да биде изработен од комбинација на дрво, метал, стакло и мермер.

Барањето да ги има сите содржини на толку мал простор создаде уникатно дело, во кое поединецот ќе ужива во погледот кон центарот на главниот град и на Калето додека се бања или јаде.

Ајде да разговараме за вашиот проект.

Подготвени сме да ја споделиме со Вас нашата визија и да Ве водиме во возбудливиот свет на креативноста.

За повеќе информации

КОНТАКТИРАЈ НЕ