AD 03-02-20

Барањето на овој клиент беше да се изведат луксузни апартмани за издавање во кои ќе има повеќе содржини, и сите ќе бидат видливи, со тоа тимот на Структурал одлучи да користи отворен концепт и да ги уреди сите области така што ке ги оддели соджините со стаклени прегради, и со самото уредување на мебелот исто така ке се подели просторот.

Овој апартман од 45м2 се наоѓа во срцето на градот Скопје и беше трансформиран во стилски апартман, со едноставен дизајн но полн со карактеристичен темен декор. Иако е едноставен, бидејќи има многу содржини внатрешниот дизајн на овој стан е многу експресивен. Просторот се дефинира со воздржана палета на бои и материјали и целокупниот темен дизајн е изработен од комбинација на дрво, стакло, метал и огледало.

Барањето да ги има сите содржини на толку мал простор создаде уникатно дело, во кое поединецот ќе ужива во погледот кон центарот на главниот град и на Калето додека се бања или јаде.

Ајде да разговараме за вашиот проект.

Подготвени сме да ја споделиме со Вас нашата визија и да Ве водиме во возбудливиот свет на креативноста.

За повеќе информации

КОНТАКТИРАЈ НЕ