Барањето за уредувањето на овој стан беше светол и простран ентериер и пријатен дом кој ќе ги задоволи индивидуалните потреби на семејството.
Концептот на планирање на овој простор беше поврзување на кујната и трпезаријата со дневната соба, со јасно дефинирани содржини но сепак интегрирани во ист простор со цел да не се изгуби функционалноста на истиот.
Просторот изобилува со светли тонови и темни детали, изработен е со природни материјали како дрво, мермер, метал и стакло.