Барањето за овој локал беше да се создаде уникатен концепт на кафе бар кој се наоѓа во станбена зона и кој можете да го посетите со вашето семејство во попладневните часови и место за забава во вечерните часови.
Со класичен стил и безвременски дизајн се одликува ентериерното уредување на овој простор и можеме да кажеме дека дизајнерскиот концепт на кафе барот се заснова на материјали кои само се подобруваат со текот на времето – многу природно дрво, камен и кожа го исполнуваат просторот. Во исто време дизајнерскиот концепт на кафе барот беше да се употребат природни материјали кои го прават просторот автентичен. Овој кафе бар се наоѓа на едно ниво и е поделен на главен простор, отворена и затворена тераса.
Заради местоположбата и концептот на просторот предвидено е цел локал во текот на летните денови да биде отворен, а во зимскиот период да биде застаклен но сепак да не се наруши погледот и светлината. Ова беше постоечки објект кој претрпи голема реконструкција на целиот простор и истиот беше проширен.