HD 13-21

Ова е викенд куќа и композицијата на истата е развиена на два ката. На приземниот кат се наоѓаат спалните, оставата, кујната трпезаријата и мала дневна соба, додека на првиот кат се наоѓа голем простор за дружба и простор за вежбање и релаксација и од сите содржини кои ги нуди куќата највпечатливи се погледите кои ги нуди самата локација.

Бидејќи куќата се наоѓа на падините на Водно ги ставивме главните акценти на зеленилото и на разиграност на фасадата со минимални пресеци со кои се добива динамичност на едноставната форма која ја има куќата.

Омилени материјали кои ги употребивме во процесот на дизајнирање се метал, дрво, стакло, природни топли тонови како во дизајнот на објектот така и во дизајнот на ентериерното уредување. Поставеноста на прозорите и целата ориентација на објектот е според движењето на сонцето и каде има потреба отворите се помали а каде има потреба поголеми.

Надворешниот дел е решен со плато на кој освен простор за дружба има и базен и голема автоматизирана пергола, која се отвара и затвара по потреба и му дава шарм на целиот објект. Со целиот дизајн и функционалност на куќата се добива катче за бегство од гужвите и бучавата на главниот град на само 20 минутно возење од центарот на градот.

Прв Кат
Приземје


Ајде да разговараме за вашиот проект.

Подготвени сме да ја споделиме со Вас нашата визија и да Ве водиме во возбудливиот свет на креативноста.

За повеќе информации

КОНТАКТИРАЈ НЕ